Ali Ballı
24 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
МУГЛА (АА) - Јахтата „Adastra“ која личи на вселенско летало, е фотографирана одблиску каде што е закотвена во Бодрум, во областа Мугла, јавува Anadolu Agency (AA).
Јахтата на бизнисменот Ентони Марден, со должина од 42 метри и вредност од 30 милиони долари, извесно време е закотвена на отворени води кај Бодрум, а со нејзиниот изглед го привлекува вниманието на луѓето.
Се вели дека оваа јахта, која се смета како една од најинтересните јахти во светот, може да достигне голема брзина на крстарење.
Во оваа јахта се наоѓаат 9 кабини и тераса за сончање, како и џакузи, а е управувана од страна на екипаж од 6 члена. Новинарите одблиску ја фотографираа оваа јахта која наликува на вселенски брод.