Nilay Kar
25 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 22 осомничени членови на терористичката организација ФЕТО се приведени во Турција поради учество во измама на испит за полициски офицери, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата ги опколи осомничените лица за време на операциите во 29 области, вклучувајќи го и главниот град Анкара, откако обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 34 осомничени членови на терористичката организација ФЕТО.
„Осомничените се обвинети дека во 2011 година пред испит им ги дале прашањата на полициските службеници на ФЕТО што полагале за комесар“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Потерата за приведување на останатите осомничени лица е во тек.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен водеше долгогодишна кампања за рушење на власта, со инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.
Оваа терористичка организација на 15 јули 2016 година изврши и неуспешен обид за воен удар во Турција во кој животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа ранети.