Amina Zorniç
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Според извештајот на Фондацијата "Ellen MacArthur" објавен вчера на Светскиот економски форум во водите ширум светот до 2050 година ќе има повеќе пластика отколку риби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува британскиот "The Guardian", производството на пластика во светот се зголеми за десетпати од 1964 година достигајќи 311 милиони тони само во 2014 година. Се очекува производстото на пластика двојно да се зголеми во следните 20 години, а до 2050 година тоа производство да се зголеми за четирипати.
Без оглед на сè поголемата побарувачка, само пет отсто од вкупниот број на пластика се рециклира, 40 отсто завршува на депониите, додека третина завршува во океаните.
Во извештајот се наведува дека секоја минута најмалку осум тони пластика завршува во океаните. Фрлената пластика до одреден степен се разградува, посебно во топлите води, со што се ослободуваат отровни хемикалии. Нив ги обработуваат во својот систем рибите кои ги ловат луѓето и истите ги конзумираат.