Seçkin Kırarslan
08 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
ЗОНГУЛДАК (АА) - Обилните снежни врнежи го зафатија Зонгулдак во Турција, а граѓаните решија да им помогнат на напуштените животни да се загреат, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, трговците и многу други жители забележале голем број кучиња, кои поради ниските температури и снежните врнежи се смрзнуваат на улиците. Решиле да им помогнат така што на тротоарите поставиле перници, а потоа животните ги покриле со топли прекривки.
Минувачите кои ги забележаа кучињата како спијат покриени, се одлучија да ги фотографираат и да ги споделат фотографиите на социјалните медиуми.