ИСТАНБУЛ (АА) – Чигдем Алјанак
Големиот број музеи, лунапаркови, простори за игра и забава во Истанбул, ветуваат незаборавен зимски распуст за децата.
Учениците оставајќи зад себе уште едно школско полугодие, започнаа да уживаат во деновите од зимскиот одмор. По завршувањето на првото полугодие од оваа учебна година, учениците се во потрага да го поминат одморот на ефективен и забавен начин.
Истанбул е град богат со забавни музеи, лунапаркови, простори за забава и игра, локации на кои учениците ќе можат да се забавуваат за време на распустот.
Центри за забава во Истанбул, во кои можат да се забавуваат сите оние што ќе го посетат Истанбул за време на зимскиот распуст, но и во кој било друг период од годината се:
- „Viasea“
Новиот центар за забава во Истанбул – „Viasea“, се наоѓа во истанбулската населба Тузла. Во рамките на центарот „Виасеа“ спаѓаат центрите Аквариум, Тема Парк и Аслан Парк, во кои на посетителите им се нуди широка лепеза на забава.
Центарот „Виасеа Аквариум“ е првиот клима-тематски аквариум во светот, во кој имате можност да набљудувате илјадници примероци од подводниот свет што живеат во различни климатски зони.

Во „Виасеа Аквариум“, каде што на едно место се среќавате со едукација и забава, во 47 различни тематски прикази, посетителите имаат можност да видат повеќе од 12.000 примероци од подводниот свет.
Децата можат да се приклучат на активностите во хранењето на рибите Кои и Раи (раја), а водичите во аквариумот ги информираат за живите примероци во аквариумот.
Во центарот „Виасеа Тема Парк“, поставени се вкупно 28 одделни елементи за забава, меѓу кои е и највозбудливиот „роло-костер“ во светот, феноменалниот „Red Fire“. Покрај модерните елементи за забава, во Тема Паркот се наоѓаат и класични елементи од старите турски лунапаркови.
На површина од 8 декари, поставен е „Виасеа Аслан Парк“, во кој посетителите имаат можност одблиску да ги видат различните видови диви мачки.
- „Миниатурк“
Во истанбулскиот залив Халич (Златен рог - Golden Horn), во музејот на отворено „Миниатурк“, децата имаат можност одат на патување како од приказните, во кое на едно место ќе се сретнат со архитектонски објекти од античкиот период, од римскиот период и Византија, преку перидот на Селџуците и Османлиите, и со дел од богатото историско богатство и културите што се застапени на територијата на Турција.

Меѓу илјадниците историски објекти од османлиската историја, одбрани се 61 објект од подрачјето на Истанбул, 9 од просторите на Анадолија, и 12 објекти надвор од границите на Турција. Објектите се со димензии 1/25 (една дваесет и петина) од реалните димензии. „Миниатурк“ е едно од местата коешто ќе го привлече интересот на децата за време на зимскиот распуст.
- Музејот на Рахми М. Коч
На северниот брег од заливот Халич, се наоѓа квартот Хасќој, каде што на површина од 27.000 квадратни метри, на отворен простор се наоѓаат музејот на Рахми М. Коч, зградата Мустафа Коч и историското бродоградилиште „Хасќој“.
Музејот има голем број оддели, меѓу кои се оној за Ататурк, одделот за патен транспорт, железнички транспорт, поморство, воздухопловство, работилница за типографско печатење од минатото, машини, комуникациски елементи, научни инструменти, модели и играчки.

Едно од неодминливите нешта што со сигурност треба да се посетат во музејот се подморницата „Улуч Али Реис“ (Thornback) изградена 1944 година во бродоградилиштето „Портсмут“, бродот „Фенербахче“, прошетка со брод по Халич и носталгична прошетка со железница.
Во музејот се застапени и голем број работилници во кои децата добиваат едукација за ДНА, астрономија, печатница и математика. Посетителите имат можност да видат предмети и документи поврзани со индустријата и инженерството, од минатото до денешен ден, кои потекнуваат од различни земји во светот.
- Музеј за играчки Истанбул
Музејот за играчки Истанбул е основан од страна на поетот и писател Сунај Акин. Во него се презентирани најпопуларните примероци на играчки од 1700-те години до денес.
Од играчките што Акин ги собрал и купил во период од 20 години од колекционери, антикварници и аукции во повеќе 40 земји во светот, го отворил Музејот за играчки Истанбул, кој на своите посетители им нуди метод на учење на светската историја на еден позабавен начин, кој останува трајно запаметен.

Во одделот во кој се презентирани вселенските играчки, вложен е напор да се раскажат обидите за стапнување на Месечината преку јазикот на играчките, додека во делот во кој се изложени возовите, на децата преку играчки им се презентира индустриската револуција.
Овој музеј им подава рака и на возрасните членови на семејството, овозможувајќи им на три генерации од семејството заедно да се забавуваат и играат, што го прави овој простор неодминлива локација за време на зимскиот распуст.
- Музеј на Бариш Манчо
Бариш Манчо е турски музичар и композитор што во Турција го обожаваат сите возрасти. Неговата куќа во квартот Мода, во истанбулската населба Кадиќој, е претворена во музеј.
Восочната фигура на Бариш Манчо е дел од експонатите што на влезот од музејот, покрај големиот клавир на кој ги компонираше своите познати мелодии, ги пречекуваат посетителите во неговиот дом.
Во музејот се презентирани стаклени предмети што познатиот турски музичар ги собрал при своите посети на голем број земји од светот. Еден од омилените делови на музејот, кој со задоволство го посетуваат децата, е делот кој има зимска и летна бавча, наречен „Соба на детето што ќе стане човек“.
- Музеј на змејови
Во Музејот на змејови, отворен од страна на Мехмет Наџи Аќоз, се наоѓаат змејови за летање собрани од 1986 година досега. Змејовите во музејот се со потекло од 6 континети, 33 земји, а колекцијата брои вкупно 2.500 примероци (змејови, публикации, материјали) и различни предмети, што го прави единствен музеј од таков вид во Турција, еден од 18-те во светот.
Во музејот постои и „училиште за змејови“, во кое 200 ученици истовремено можат да ги изработат своите змејови, а во состав на музејот е и првата библиотека во светот за змејови „Библиотека за змејови Ѓулен Окумуш“. Децата во музејот, на еден театрален и интерактивен начин, визуелно и материјално, слушајќи ги наставниците водичи, имаат можност практично да изработат змеј, минувајќи го времето квалитетно и забавно.
- Музеј за чоколади
Музејот за чоколади кој се наоѓа во истанбулското подрачје Есенјурт, се наоѓа на врвот на музеите кој без сомнение е посетен од страна на децата. Во музејот се наоѓаат делата на турско-исламската уметност, главните дела на светската уметност, хероите од бајките, познатите легенди, и водопади.
Во главниот салон на музејот постои куќа со вистински димензии од чоколади, арката на Ное, како и табели кои ја раскажуваат историјата на чоколадото.

Салонот наречен „Истанбул“ ги вклучува делата како кулата „Галата“, џамијата „Султан Ахмет“, Момината Кула, мостот „Шехиди на 15 јули“, како и бројни историски дела што го симболизираат Истанбул, кои се направени од чоколадо, додека во салонот наречен „Цивилизации“ се наоѓаат табели кои ги симболизираат државите и народите во светската историја, како Хетити, Стара Грција, Византија и Османлиите.
Од друга страна, во салонот наречен „Уметници“ се наоѓаат статуите од чоколадо на бројни светски дела и уметници, додека во салонот посветен на значајните турски личности се наоѓаат бистите од чоколадо на бројни турски лидери кои оставиле белег во турската историја, како Ататурк, Фатих Султан Мехмет, Осман Гази и др.
- Музејот за историјата на исламската наука и технологија
Во овој музеј, кој се наоѓа во паркот „Ѓулхане“ по должината на стариот ѕид на палатата, се изложени моделите на делата на муслиманските научници во областите како астрологија, географија, математика, хемија, оптика, медицина, архитектура, воена технологија и др. Колекцијата на овој музеј содржи вкупни 570 алатки, реплики на уреди и модели.
- „Мадам Тисо“
Милиони луѓе го посетиле „Мадам Тисо“ на глобално ниво, додека неговиот огранок во Истанбул останува исто толку популарен со околу 60 познати статуи од восок.
Во музејот се изложени серија статуи на Ататурк, Мимар Синан и Фатих Султан Мехмет во делот на историските личности, Зеки Мурен, Мадона, Бијонсе, Мазхар Фуат Озкан и Бариш Манчо во делот на музиката, Мона Лиза, Алберт Ајнштајн, Леонардо да Винчи во делот на науката и културата, и Марија Шарапова и Рафаел Надал и бројни други личности во делот на спортот.
- Одмор во природа и животинскиот свет
Една друга идеја за одмор за децата е учествување во активностите во природата и животинскиот свет.
Во најголемиот тематски аквариум во светот, „İstanbul Akvaryum“, каде што може да се види голема колекција на видови риби, посетителите можат да патуваат по еден пат кој се состои од 17 тематски зони од Црното Море, па сè до Тихиот Океан и Амазонот.
„Darıca Zoo“, првата приватна зоолошка градина во Турција, на посетителите им нуди можност да видат различни животни.

„Snowpark“, поставен во еден трговски центар, на посетителите им нуди можност за скијање, сноубординг, и сноутубинг во центарот на градот.
- Музеј на морски животни
Музејот на морски животни „Balıkçı Kenan“ (Рибарот Кенан), кој се наоѓа во „Yaşam Vadisi“ во Бејликдузу, има изложено примероци од морски животни, почнувајќи од риби, сè ајкули, и тоа бесплатно.
Во музејот се наоѓаат 41 тон восочни статуи на морски животни.
- Патување во светот на играчките
„Vialand“, забавен парк кој поседува зона со големина на 100 фудбалски стадиони, ги воодушевува своите посетители со патувањата и активностите во светот на играчките, на легендите и светските авантури.
- „Legoland“ ја развива креативноста кај децата
„Legoland“ е рекреативен центар во Истанбул, каде што родителите можат да им овозможат на своите деца од 3 до 10-годишна возраст бројни активности за развој на нивната креативност.
news_share_descriptionsubscription_contact
