Ekipa
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Француската фармацевтска индистрија "Sanofi" заедно со истражувачи од војската на САД, забрзано работи на развој на вакцина против вирусот зика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако компанијата ја потврди оваа информација , не се прецизирани финансиските детали.
Инаку развојот на вакцина трае со години. Sanofi првично ја пласираше вакцината против денга грозница, по речиси 20 години истражување и потрошени милијарди американски долари.
Вирусот зика, кој на луѓето се пренесува преку комарец, за првпат е регистриран во 1940 година во Уганда, од каде се прошири низ цела Африка. Вирусот подоцна е забележан во Јужен Пацифик и Азија, а од неодамна и во Латинска Америка. Поради глобалните патувања, научниците предупредуваат дека вирусот може да се појави било каде во светот.
Зика вирусот го пренесува исклучиво комарецот на жолтата грозница (Aedes Aegypti), кој живее во урбаните средини од тропските подрачја. Агресивен е во текот на денот, а преносител е и на жолтица, денга грозница и вирусот чикунгуња.
За вирусот зика сѐ уште не постои вакцина ниту лек за лечење. Вирусот минатата година ескалираше во Бразил, кога се регистрирани над 2.400 случаи во дваесетина бразилски држави, во споредба со 147 случаи во 2014 година. Најголем дел од пациентите биле семејства со зголемена температура, осип и главоболки. Востановено е дека вирусот зика предизвикува микроцефалија, невролошко пореметување кое може да доведе до непотполн развој на мозокот кај новороденчињата.
Вирусот зика незапирливо се шири и засега се забележани пријави поврзани со оваа болеста во 28 земји.