Dejan Maksimoviç
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗO) соопшти дека постои многу мал ризик поради одржувањето на Летните олимписки игри во Рио де Женеиро да дојде до глобално ширење на вирусот зика, јавува Anadolu Agency (AA).
Експретите на СЗО нагласија дека нема потреба да се помести датумот за одржување на Олимписките игри, или тие да бидат преместени на друго место. Тие ја потврдија својата претходна препорака дека се против било какво ограничување на патувањата или трговската размена во подрачјата кои се погодени од вирусот зика, кој се шири преку каснување од комарец.
Претходно СЗО прогласи глобална епидемија од вирусот зика и им советуваше бремените жени да избегнуваат патување на Олимписките игри, а на посетителите да преземат превентивни мерки со што би го избегнале каснувањето од комарец.
Без разлика на загриженоста која ја искажаа одредени светски научници, СЗО одговори дека во месец август активноста на комарците во Бразил е релативно ниска. Организаторите на игрите во Рио очекуваат околу 380.000 странски посетители.
Летните олимписки игри во Рио де Женеиро ќе се одржат од 5-ти до 21-ти август и ќе бидат први игри на тлото на Јужна Америка.