Dejan Maksimoviç
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Флоренс Хартман, поранешната потпаролка и советничка за Балканот на Карла дел Понте, поранешната главна обвинителка на Меѓународниот суд за поранешна Југославија во Хаг, денес во Сараево го посети Сојузот на логораши на БиХ. Причина за нејзиното доаѓање е желбата да се заблагодари на жртвите на агресија во БиХ кои застанаа во нејзина одбрана по повод неодамнешното апсење во пресрет на изрекување на пресудата на Радован Карагиќ, јавува Anаdolu Agency (AA).
Претставниците на Сојузот за логораши на БиХ на 24ти март оваа година присуствуваа во Хаг на изрекувањето на пресудата на Караџиќ. Таму се појави и Хартман која со своето присутво изрази жеба за поддршка на сите жртви на агресија во БиХ. Но, неколку лица од службата на осигурување на Хашкиот трибунал ја приведоа Хартман.
„Веднаш сфатив што се случува. Бев опркужена со луѓе на кои им е потребна помош, а тие се обидоа да ме спасат. Тоа беше доживување, без обѕир на тоа што тоа за мене е лошо искуство, беше неверојатно чуство што жртвите застанаа во моја одбрана. Тоа нивно препознавање дека се обидов за нив да сторам добрина, многу ми е драго. Но, исто така чувствувам вина. Поголем дел од нас новинарите се обидуваше за време на војната да известува за војната и злосторствата. Меѓутоа тоа не донесе ништо добро бидејќи војната и злосторствата се продолжија", раскажа Хартман.
Порача како на жртвите од војната во БиХ им треба помош и како очекува во Хаг да се соберат повторно на изрекување на пресуда на Ратко Младиќ.
„Тоа беше интензивно чувство и среќна сум и благодарна за таа помош. Сепак, сеуште ние треба да им помагаме на жртвите а не тие на нас. Жал ми е што го насочив внимание кон себе, а не кон изрекувањето на пресудата на Караџиќ, бидејќи не ми беше тоа намера. И жал ми е поради тоа, но затоа треба да се обратиме на судијата. Важно е пак да се собереме кога ќе биде пресудата на Ратко Младиќ, со цел да спречиме да се случи негово преместување во Русија или некоја друга глупост", напомена Хартман.
Хартман е уапсена пред Трибуналот во Хаг. Судот ја обвини претходно за непочитување на судот бидејќи во својата книга „Мир и Казна" објави тајни податоци од процесот кој е воден против Слободан Милошевиќ. Таа е осудена од прв степен во 2009 година, а две години подоцна поради непочитување на судот. Изречена ѝ è парична казна од 7.000 евра, која она одби да ја плати, па судот ја замени со затворска казна од седум дена. Сепак, француските власти не сакаа да ја предадат на судот.