Bedrudin Brlyavac
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
ДЕН ХАГ (АА) – Претседателот на Механизмот за меѓународен кривичен суд ( ММКС ) Теодор Менор во вторникот донесе одлука Флоренс Хартман да биде пуштена на привремена слобода, откако отслужи две третини од седмодневната казна на која беше осудена 2011 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува во сооопштението на ММКС, Хартман е пуштена на привремена слобода, а одлуката ќе стапи на сила што е можно поскоро. “При одлучувањето Хартман да биде пуштена на привремена слобода, претседателот заклучи дека нејзиното примерно понашање во Притворската единица и одслужувањето две третини од седмодневната казна се во корист на нејзиното ослободување “, наведе во изјавата.
Да ве потсетиме дека Хартман на 24 март беше приведена од страна на чуварите на Трибуналот во Хаг, во моментот кога влегувала во зградата да присуствува на изрекувањето на пресудата на поранешниот лидер на босански срби Радован Караџиќ.
Портпаролката на некогашната главна обвинителка Карла дел Понте, од 2000 до 2006 година, Трибуналот ја обвини за непочитување на судот поради објава на податоци од тајните одлуки Советот за жалба на Хашкиот суд во предметот на Слободан Милошевиќ кои ги објавила во нејзината книга “Мир и казна” и во членот “Прикриени клучни докази во врска со геноцидот”.
Хартман 2011 година беше осудена на седум дена затвор, по игнорирањето на двете наредби од судот во одреден рок да плати казна од 7.000 евра, со кои е казнена поради непочитување на судот.