Elif Küçük
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Специјалистот по гинекологија и акушерство, проф. д-р Фарук Бујру, истакна дека бремените жени дијагностицирани со Ковид-19 се двоумат дали да ги користат лековите препишани од докторите, порачувајќи дека антивирусните и лековите за температура не се штетни за бремените жени, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антивирусните, лековите за намалување на температурата и поголемиот дел од разредувачите на крвта не се штетни за употреба за време на бременоста. Некористењето на препишаните лекови ќе предизвика поголема штета. Неупотребата на тие лекови може да предизвика непоправлива штета за мајката и бебето“, изјави доктор Бујру.
Проф. д-р Бујру истакна дека Ковид-19 исто како и кај другите луѓе, така и кај бремените жени е со симптоми на кашлица, болки во грбот, болки во зглобовите и висока температура.
Наведувајќи дека идните мајки со дијагностициран Ковид-19 се грижат за своите бебиња, Бујру рече дека кај бремените жени на физичките рефлексии од болеста се додава и психолошкото негативно дејство.
Според професорот Бујру, Ковид-19 го зголемува ризикот од предвремено породување, може да доведе до застој во растот на бебето, и иако не е вообичаено, се јавуваат и смртни случаи на бебињата во матката. Исто така, поради коронавирусот во светски рамки е зголемена и стапката на породување со царски рез.
- „Несоодветни лекови не се даваат на бремени жени“ -
Проф. д-р Бујру, наведувајќи дека бремените жени со дијагностициран Ковид-19 се двоумеле во користењето на лековите препишани од нивните лекари, истакна:
„Заедничка одлука за лекување на бремена жена носат специјалисти инфектолози, пулмолози и гинеколози. Кога се препишува рецепт или се дава третман се пресметува добивката-загубата. Дури и едноставна вагинална инфекција може да го зголеми ризикот од предвремено породување и да предизвика сериозни проблеми. Затоа бремените жени треба да ги користат лековите кои се препишуваат. На пример: на бремени жени им се дава лекови за употреба, но тие лековите ги пијат во помала доза. Тоа предизвикува тој лек целосно да биде неефикасен. Треба да му верувате на лекарот и да ги користите препишаните лекови во препорачаната доза и време.“
Подвлекувајќи дека инфекцијата не поминува преку млекото на бебето ако мајката има Ковид-19, Бујру рече дека се препорачува да се продолжи со доењето.
Проф. д-р Фарук Бујру исто така препорача мајките заразени со Ковид-19 да го минимизираат физичкиот контакт со своето бебе додека го дојат, да носат маска и да ги мијат рацете пред секое доење.
Ако мајката стравува од ризик од контаминација, според доктор Бујру, таа може да го става млекото во чаша, а потоа после со цуцла или со лажица да го нахрани бебето.