Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
КАНБЕРА (АА) - Австралискиот премиер Скот Морисон истакна дека нема да брзаат со одобрување на вакцината Ковид-19 на компаниите „Фајзер“/„БајонТех“ (Pfizer/BioNTech), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Морисон наведе дека ставот на неговата земја во однос на ова прашање е различен од Велика Британија, која даде итно одобрување на употреба и на САД кои се очекуваат денеска или утре да ја одобрат вакцината на „Фајзер“/БајоНТех“.
Премиерот додаде дека прво сакаат Австралијците целосно да веруваат на вакцината.
Во Австралија се планира барем една вакцина да биде одобрена до крајот на јануари 2021 година, а во месец март првите дози ќе им бидат дадени на приоритетните групи, вклучително и на здравствените работници и старите лица.
Во Велика Британија со вакцинирањето на 90-годишна жена, започна широката употреба на вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“.
Агенцијата за регулирање на лекови во земјата препорача да не се вакцинираат лицата со значителни алергиски реакции.
Канада исто така ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“/БајоНТех“.