Sümeyye Dilara Dinçer,Murat Özgür Güvendik
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот вирусот е потврден кај 70.735.868 лица, а оздравени се 49.166.194 претходно заразени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последици предизвикани од вирусот починале 1.588.759 лица.
Моментално во светот активно заразени се 19.980.915 лица, од кои 106.676 се тешко болни.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко погодени се Соединетите Американски Држави (САД) со 16.039.393 заразени и 299.692 починати.
Следува Индија со 9.796.992 заразени и 142.222 починати. Во Бразил досега заразени се 6.783.543 лица, а починаа 179.800 заразени.
Коронавирусот кон крајот на минатата се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.