Fatjon Cuka
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 16 лица, додека бројот на потврдени случаи на 277 лица, вклучувајќи ги и починатите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се вели дека изутрина починал еден 78-годишен пациент од Драч, заразен со Ковид-19.
„Досега 16 лица починаа како последица на Ковид-19 во Албанија“, се вели во ова соопштение.
„Во последните 24 часа тестирани се 96 сомнителни лица, од кои 18 се позитивни на Ковид-19. Досега тестирани се 1.919 сомнителни лица, од кои со позитивен резултат се вкупно 277 лица, од кои само 8 се деца“, се додава во соопштението на ова министерство, во кое се нагласува дека 76 пациенти се излекувани.