Islam Doğru
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа уште 1.047 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 5.137 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.
Според последните податоци споделени од страна на Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа со Ковид-19 биле заразеени уште 27.080 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 216.722 лица.
Се вели дека во последните 24 часа починале уште 1.047 лица од оваа пандемија, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 5.137 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Италија со 110.574 случаи, и Шпанија со 110.238 случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 84.046 случаи и 2.220 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (22.225 случаи) и Калифорнија (9.907 случаи).