Suheir K. M. Alkharraz,Hacer Başer
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Саудиска Арабија одлучи да воведе целодневна забрана на движење во Мека и Медина во рамките на меркиите против вирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саудиската новинска агенција СПА (SPA) јави дека во земјата е воведен полициски час, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.
Наведено е дека вработените во јавниот и приватниот сектор, кои се од витално значење, ќе бидат изземени од забрана. Во периодот од 06:00 до 15:00 часот, жителите од овие два града ќе можат да излезат само во рамките на квартовите во кои живеат поради набавката на лекови и основните потреби.
Во рамките на борбата против Ковид-19 во земјата, градовите Ријад, Мека и Медина, затворени се за влез и излез на 25 март, а делумен полициски час е воведен на територијата на целата држава.