Adam Abu-bashal
28 Ноември 2020•Ажурирај: 28 Ноември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 150 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 15.784 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.150.097.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 321 лице, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 51.354.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (21.378), по која следуваат Мароко (5.689) и Египет (6.608).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (781.941), по која следуваат Мароко (345.276) и Египет (114.832).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.815.902 лицa.