Adam Abu-bashal
02 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 198 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 10.780 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.198.197.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 257 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 52.340.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (21.644), по која следуваат Мароко (5.915) и Египет (6.666).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (792.299), по која следуваат Мароко (359.844) и Египет (116.303).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.863.025 лицa.