Gökhan Kavak
08 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 3 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.965.221.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 70.649.
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.425.976 лица.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република.