Gökhan Kavak
03 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 3 милиони и 614 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.614.270.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 92.472.
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 3.109.935 лица.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19, како и откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Тунис, Мароко, Египет и Етиопија.