Adam Abu-bashal
13 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АБУЏА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 70 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 9.208 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.078.301.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 410 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 24.322.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 на овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (11.010 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.085 смртни случаи) и Алжир (1.333 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка излекувани се вкупно 772.365 лица од овој вирус.