Adam Abu-bashal
02 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 36.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 7.260 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.496.977.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 217 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 36.139.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (16.866), по која следуваат Египет (5.946) и Алжир (2.229).
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (676.084), по која следуваат Мароко (126.044) и Египет (103.317).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.239.335 лица.