Adam Abu-bashal
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 545 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 10.615 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.545.109.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 269 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 37.154.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (17.248), по која следуваат Египет (6.010) и Мароко (2.439).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Кога станува збор за бројката на детектирани лица позитивни на Ковид-19, најмногу случаи се откриени во Јужноафриканската Република (685.155). Следуваат Мароко (140.024) и Египет (104.035).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.286.083 лица.