Ekipa
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Поради заострувањето на мерките против коронавирусот во Рио де Жанеиро, Бразил, властите ги затворија плажите со цел да го спречат ширењето на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Познатите плажи Ипанама и Копакабана се затворени откако градоначалникот на Рио де Жанеиро предупреди на високо критичната ситуација поради 95-процентната пополнетост на капацитетите на одделите за интензивна нега во државните болници.
Припадниците на воената полиција ги растеруваат капачите од плажите.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е против мерките за носење маски и седење дома, ја критикуваше оваа мерка.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 2.438 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот во земјата изнесува 292.752.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 79.069, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 1.950.459.
По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на 2. место според бројот на починати.