Muhammet Nazım Taşcı
05 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот ја надмина бројката од 250 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, каде што собираат новите податоци за Ковид-19, во светот 253.597 лица се излекувале од новиот вид коронавирус.
Најголем број излекувани лица има во Кина, каде што од коронавирусот се излекувале 76.964 лица.
Земји со најголем број излекувани лица од Ковид-19, по Кина се: Шпанија (со 38.080 излекувани лица), Германија (26.400), Италија (20.996), Иран (19.736), Франција (15.438) и САД (14.828).