Nuray Tunçay
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
МОСКВА (АА) - Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, му се извини на германскиот весник во кој бea објавени „документите од Панама“ поврзани со претседателот Владимир Путин и призна дека „згрешиле“, за поврзаноста на овој весник со САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков, во образложението за рускиот печат истакна дека згрешил во врска со презентираните документи за Путин во „документите од Панама“ од страна на германскиот печат и неговата поврзаност со Америка.
„Ова е моја грешка. Требаше да проверам уште еднаш. Му се извинувам на весникот“, изјави Песков.
Путин во вчерашната изјава во врска со „документите од Панама“ изјави дека документите протекле со помош на Америка, се со цел да ѝ се наштети на Русија, а за таа цел искористен е германскиот весник "Süddeutsche Zeitung" кој е поврзан со американската компанија „Goldman Sachs".