Emre Aytekin
11 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 49 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 49.067.071 лице успеаја во битката против Ковид-19.
Првите четири земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во САД оздравеа 9.295.997 лица, во Индија 9.288.853, во Бразил 5.931.777, во Русија 2.033.699, во Аргентина 1.311.488 и во Колумбија 1.287.597.
Меѓу другото, во Турција заклучно со 10 декември од вирусот се излекуваа 578.483 лица.
Во светот 19.944.668 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 70.597.758, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 1.589.019 лица.