Emel Gözellik
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 1 милион и 800 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 1.803.475.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде вкупно 434.494 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 166.019 случаи, Италија со 152.271 случај, Франција со 129.654 случаи и Германија со 125.834 случаи.
Во Кина кадешто за прв пат се појави овој вирус, откриени се 82.052 случаи.
Земји со повеќе од 10.000 регистрирани случаи, според „Worldometer“ се:
„Велика Британија (84.279); Иран (71.686); Турција (52.167); Белгија (29.647); Холандија (25.587), Швајцарија (25.300); Канада (23.318); Бразил (21.040); Португалија (16.585); Русија (15.770); Австрија (13.945); Израел (10.878); Јужна Кореја (10.512); и Шведска (10.483)“.
Како резултат на епидемијата починаа 110.827 лица низ целиот свет, додека излекувани се 412.356 лица што беа заразени со вирусот. Во моментов 1.280.292 лица се лекуваат од Ковид-19.