Emre Aytekin
08 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на луѓе кои се лекуваат од коронавирусот (Ковид-19) низ светот надмина 23 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldometers“, која ги ажурира податоците за Ковид-19, бројот на активни случаи низ светот достигна 23.001.447.
Кај 22.893.046 лица кои се лекуваат, симптомите на болеста се благи, додека 108.401 пациент се тешко болни и се наоѓаат во животна опасност.
Бројот на пациенти кои се лекуваат го надмина прагот од 23 милиони на 2 јануари. Зголемениот број на пациенти кои се хоспитализирани го зголемува товарот врз здравствените системи на земјите.
Најголем број активни случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), вкупно 8.619.495, а потоа следуваат Франција со 2.461.724, Велика Британија со 1.446.090, Бразил со 664.224, Белгија со 592.975, Италија со 571.055, Русија со 563.754, Германија со 356.048, Србија со 318.892 и Украина со 307.236.
Заклучно со 7 јануари, во Турција се регистрирани 101.587 активни случаи на Ковид-19, од нив 3.201 се наоѓаат во тешка состојба.
Новиот тип коронавирус што избувна во Кина за многу краток временски период се прошири во над 200 земји низ целиот свет
Бројот на заразени со коронавирусот Ковид-19 во светот надмина 88,5 милиони, а починаа над 1.900.000 луѓе.