Tufan Aktaş
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Африка од почетокот на пандемијата регистрирани се над пет милиони заразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени денес на страницата „Worldometers“ покажуваат дека досега во Африка од последици на коронавирусот починале 133.746 лица.
Коронавирусот досега е потврден кај 5.009.823 лица, од кои над 4,5 милиони луѓе оздравеа.
Податоците на „Worldometers“ покажуваат дека во Африка, каде што живеат околу 1,3 милијарди жители, до денес се администрирани околу 39 милиони дози вакцини против коронавирусот.