Ekipa
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
ЛОНДОН (АА) – Патниците целосно вакцинирани против коронавирусот од 37 земји, од следната недела повеќе нема да мораат да бидат во самоизолација во Велика Британија, објави британската Влада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за сообраќај на Велика Британија соопшти дека земјата ќе ги прифати доказите за вакцинација од 37 земји, меѓу кои се и Турција, Индија, Бразил, Пакистан и Јужна Африка.
Министерот за сообраќај, Грант Шапс, рече дека на овој начин ги олеснуваат собирите на семејствата, благодарение на зголемените напори за вакцинација низ светот.
„Враќањето на довербата на луѓето за патување е клучно за обнова на нашата економија и подигање на нивото на оваа земја. Со помалку ограничувања и повеќе луѓе кои патуваат, сите можеме да продолжиме заедно безбедно да напредуваме на својот пат до закрепнувањето“, рече Шапс.