Adam Abu-bashal
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент се искачи на 1.289.817, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.669 случаи на Ковид-19.
Во последните 24 часа починати се 239 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во Африка се искачи на 30.905.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (14.678 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.495) и Алжир (1.539 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи со вирусот се откриени во Јужноафриканската Република (622.551), по која следуваат Египет (99.582) и Мароко (68.605).
Во Африка досега излекувани се вкупно 1.025.872 лица.