Muhammet Nazım Taşcı
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
АНКАРА
Во Бразил, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 965 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на бразилското Министерство за здравство, бројката на починати од последиците на Ковид-19 се искачила на 22.013, со зголемување од 965 во последните 24 часа.
Во последното деноноќие регистрирани се нови 16.508 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 347.398.
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која постојано ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, Бразил е земја со најголем број заразени и смртни случаи.