Muhammed Emin Canik
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС
Во последните 24 часа во Бразил од последиците на Ковид-19 починаа 1.239 лица, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со овој вирус достигна 40.919, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека истовремено со 30.412 новозаразени, вкупниот број на заразени се зголемил на 802.828, а се излекуваа вкупно 345.595 лица.
Покраината Сао Паоло, на источниот дел на Бразил, моментално е најтешко погоден регион со 162.520 случаи и 10.145 починати. Следуваат Рио де Женеиро со 75.775 заразени и 7.363 починати.
Бразил, кој има повеќе од 211 милиони жители, по САД има најмногу случаи на Ковид-19 во светот.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март поради ширењето на Ковид-19 прогласи глобална пандемија. Исто така, СЗО, освен Европа, епицентар на пандемијата на Ковид-19, кој за првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, ги прогласи и САД и Јужна Америка.