Ihvan Radoykov
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
СОФИЈА (АА) - Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, истакна дека Бугарија ќе ги ублажи мерките преземени поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борисов, во заедничката изјава за медиумите со Кризниот штаб за Ковид-19, рече дека покрај отворање на терасите на рестораните, патеките за трчање на стадионите, исто така ќе се отворат и базените, тениските терени и некои други спортски објекти.
„Во оваа ситуација никој не знае што е правилно или што е погрешно. Нашата цел е народот да се релаксира, од психолошки аспект“, рече премиерот Борисов.
Шефот на Кризниот штаб за Ковид-19, Ветсислав Мутафчијиски, рече дека граѓаните ќе може слободно да влегуваат во парковите и во градините, но треба да внимаваат на социјалната дистанца.
Во рамките на олабавувањето на мерките ќе бидат отстранети и контролните пунктови на влезот и излезот во некои градови, каде што работеа 15.000 полицајци.
Во Бугарија, со население помалку од 7 милиони, бројот на случаите на Ковид-19 се зголеми за 23 во последните 24 часа, со што ја достигна бројката од 1.611. Во епидемијата досега починаа 72 лица.