Cüneyt Karadağ
14 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
БЕРЛИН
Во Германија во последните 24 часа починаа 1.244 лица како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што е регистриран нов рекорд на починати лица од вирусот на дневно ниво од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот „Роберт Кох“, во последните 24 часа во земјата откриени се 25.164 случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на откриени случаи на Ковид-19 во Германија се искачи на 1.978.590.
Исто така, во последните 24 часа починаа 1.244 лица како последица на вирусот, со што е регистриран рекорд во дневно починати лица од почетокот на пандемијата.
Вкупната бројка на починати во земјата порасна на 43.881.
Досега, најголемиот број на смртни случаи од Ковид-19 беше забележан на 8 јануари, тогаш животот го загубија 1188 лица.
Соопштено е дека 5.185 пациенти се хоспитализирани на интензивна нега поради Ковид-19, а од нив 2.970 се интубирани.
Во земјата до сега вакцинирани се 750.000 лица.