Cüneyt Karadağ
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
БЕРЛИН (АА) - Германија денес потврди уште 982 смртни случаи од последици предизвикани од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот центар за контрола на болести, Институтот „Роберт Кох“, соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани уште 982 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 53.972.
Во изминатите 24 часа се регистрирани уште 13.202 случаи на Ковид-19, што е вкупно 2.161.000. На одделите за интензивна нега се наоѓаат 4.571 пациенти. Досега се вакцинирани 1.921.689 лица, од нив 283.264 ја примиле и втората доза.
Германија имаше релативно мал број на смртни случаи во првиот бран на пандемијата и успеа брзо да укине многу ограничувања. Меѓутоа, во вториот бран ситуацијата стана многу посложена.