Faruk Zorlu
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати во Кина како последица на вирусот КОВИД-19 се искачи на 1.771 лице, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните истакнаа дека се регистрирани 70.548 потврдени случаи со вирусот, додека во последните 24 часа починале вкупно 105 лица, а детектирани се 2.048 нови случаи.
Бројот на заразени надвор од континентална Кина изнесува 57 во Специјалниот административнен кинески регион Хонконг и 10 во Макао.
Бројот на лица кои се под медицински надзор опадна на 150.539 лица.
Се смета дека вирусот се пренел на луѓето од животни, особено од лилјаците.
Освен во Кина, вирусот се прошири во над 20 земји во светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Многу земји, меѓу кои и Турција, ги евакуираа своите граѓани од градот Вухан - епицентарот на вирусот - и од други погодени области во Кина, сместувајќи ги во изолирани медицински услови.
Светската здравствена организација (WHO) ја прогласи појавата на вирусот за меѓународна здравствена опасност.