Cüneyt Karadağ
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 24.329 случаи на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Институтот „Роберт Кох“ (RKI) покажуваат дека во последните 24 часа починале 306 заразени лица, со што вкупниот број достигна 82.850. Регистрирани се и 24.329 нови случаи на вирусот, вкупно до сега 3.381.597.
Неделната инциденца, односно бројот на заразени на 100.000 жители, денес изнесува 153.4.
На одделите за интензивна нега се наоѓаат 5.030 пациенти заразени со коронавирус, од кои 2.921 лица користат респиратор.
Во Германија првата доза на вакцина против Ковид-19 ја добија над 22,4 милиони лица, а втората над 6,5 милиони.