Mustafa Deveci
18 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Бројот на заразени од коронавирусот (Ковид-19) во Израел достигна 13.107 лица, а бројот на смртни случаи, 158, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Израел соопшти дека починале уште 7 пациенти со дијагноза на Ковид-19, со што вкупниот број на починати порасна на 158.
Се наведува дека 167 заразени се наоѓаат во тешка состојба, додека досега од вирусот се излекувале 3.247 лица.
Во Израел е прекината наставата во сите училишта и забрането е собирање на повеќе од две лица.
Владата на Израел, поради пандемијата, на сите странски државјани им забрани влез во земјата, освен на оние кои од порано живеат во Израел.