Erbil Başay
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
БЕРЛИН (АА) - Во Германија, како што беше претходно најавено, во рамките на договорот за преместување на децата без придружба во земјите од Европската Унија (ЕУ), префрлени се 47 малолетни бегалци од Грција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Владата на Германија на почетокот на април соопшти дека до крајот на месецот од камповите на грчките острови ќе прими малолетни бегалци на кои им е потребна заштита.
Во соопштението на германското Министерство за внатрешни работи се наведува дека 47 деца бегалци без придружба со авион се префрлени од Атина во Хановер.
Се наведува дека децата прво ќе бидат ставени во карантин во Долна Саксонија во период од 14 дена, а потоа ќе бидат распоредени по покраини.
Во групата се наоѓаат деца бегалци од Авганистан, Сирија и Еритреја, а меѓу нив се наоѓаат и 4 девојчиња. Сите 47 деца се тестирани на коронавирусот пред да заминат од Грција.
Европската комисија во март започна иницијатива за пренесување на 1.600 деца без придружба во земјите членки.
Меѓу земјите што ја прифатија оваа идеја се: Белгија, Бугарија, Франција, Хрватска, Финска, Германија, Ирска, Португалија, Луксембург, Литванија и Швајцарија.
Податоците на УНИЦЕФ објавени во февруари покажуваат дека во грчките кампови има 5.463 деца без придружба.
Исто така, најмалку 1.772 од нив живеат во кампови како „Мориа“ на островот Лезбос, за кој многумина предупредуваат дека владеат исклучително лоши услови и дека во него се наоѓаат многу повеќе луѓе отколку што би требало.