Ekipa
18 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
АФРИН (АА) - Тројца цивили се повредени во експлозија на бомба поставена во возило во областа Африн во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Возило со бомба експлодира во центарот на подрачјето на Африн, на улица со голема фреквенција на луѓе.
Според првичните информации, во терористичкиот напад повредени се тројца цивили. Експлозијата предизвика штета во околината.
Локалните безбедносни сили кои вршеа увид на местото на експлозијата ја разгледуваат можноста нападот да е извршен од терористичката организација ЈПГ/ПКК.