Mustafa Deveci
16 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ЕРУСАЛЕМ (АА) - Израелското Министерство за здравство соопшти дека од новиот тип коронавирус се заразени 250 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението се наведува дека вирусот е потврден кај уште 48 лица.
Се вели дека состојбата кај 5 заразени лица е сериозна, и дека 4 лица се задржани на лекување.
Меѓу 250-те заразени, 19 се медицински работници, а петмина се војници.
Тестирање за коронавирусот му беше извршено и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, иако тој не покажувал никакви симптоми. Резултатите се негативни.
Нетанјаху и негови блиски луѓе се тестирани вчера.
Администрацијата во Тел Авив претходно донесе одлука дека Израелците и странците кои се враќаат во земјата мора да поминат 14 дена во карантин.
Наставата е прекината, а забранети се и собири на отворено и затворено кои бројат над 100 лица.
Од вчера се затворени голем број објекти, освен продавниците, аптеките, бензинските пумпи и банките.