Muhammet Kurşun
07 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 93.473, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Иран се вели дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 387 лица.
Според соопштението, со тоа, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 93.473.
Се истакнува дека во земјата се дијагностицирани уште 26.439 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 4.119.110.
Во ова соопштение се наведува дека 6.375 заразени лица се наоѓаат во интензивна нега, а оздравеле 3.515.263 лица.
Според соопштеното, во Иран досега се направени 26.399.374 тестирања за Ковид-19.