Ekipa
04 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека арапските земји сега го сметаат Израел за „неопходен сојузник“ во борбата против екстремизмот и против Иран, а не како непријател, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Арапските земји 'повеќе не го сметаат Израел како непријател'“, рече Нетанјаху за време на годишен настан на медиумите во Ерусалим.
„Има целосна промена и ова е важно затоа што на крајот на краиштата, така ќе постигнеме мир“, додаде тој.
Израелскиот премиер нагласи дека екстремизмот ги става Арапите и Израел во рамките на иста закана.