Muhammet Kurşun
26 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
ТЕХЕРАН (АА) - „Амнести интернешнал“ објави дека најмалку 143 лица загинале за време на протестите во Иран, кои следуваа како одговор на поскапувањето на горивото, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од меѓународната заедница е побарано да се осуди прекумерната употреба на сила, која доведе до смрт на иранските граѓани.
Во соопштението се наведува дека речиси сите се убиени со огнено оружје, и дека едно лице е погодено со солзавец и така го загубило својот живот. Сметаат дека бројот на жртвите е многу поголем.
Според извештајот, иранските власти не ги предале телата на демонстрантите на нивните семејства. Од мртовечницата ги однеле на непознато место.
Економската ситуација во Иран е отежната по американските санкции, а населението, откако е најавено значајно поскакување на горивото, на 15 ноември во многу градови излезе на улиците.
За време на демонстрациите е нанесена значајна штета на многу објекти, а откако протестите ескалираа изминатата сабота, властите го ограничија пристапот до интернет.