Muhammet Kurşun
14 Март 2021•Ажурирај: 14 Март 2021
ТЕХЕРАН
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 61.230, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 88 лица.
Лари нагласи дека со тоа, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 61.230.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 7.593 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 1.746.953.
Според Лари, 3.831 заразено лице се наоѓаат во интензивна нега, а оздравеле 1.492.488 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 11.716.210 тестирања за Ковид-19.