Emre Gürkan Abay
03 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
МОСКВА
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека убиството на Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим, поврзани со Иранската револуционерна гарда, го гледаат како „авантуристички чекор“ што ќе ја зголеми тензијата во целиот регион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава дадена од руското Министерство за надворешни работи се истакнува сочувство до иранскиот народ поради убиството на Сулејмани.
„Сулејмани е личност што е посветена на служењето на интересите на Иран“, се вели во изјавата и се додава: „Ракетниот напад врз Сулејмани од страна на САД во Багдад го гледаме како авантуристички чекор кој ќе ги зголеми тензиите низ целиот регион.“
Константин Косачев, претседател на Комисијата за меѓународни работи на Советот на Руската Федерација, рече дека убиството на Сулејмани е предвесник на судири меѓу Американците и шиитите во Ирак.
Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека во нападот на аеродромот во Багдад е убиен Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим, поврзани со Иранската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухендис, заменик-претседателот на проиранската организација „Хашд ал Шаби“.