Ahmet Dursun
07 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, во рамките на борбата против коронавирусот Ковид-19, забранет е влез во 17 покраини, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што наведува иранската новинска агенција „Фарс“, одлуката за забрана на влез во покраините ќе остане на сила сѐ додека не се донесе поинаква одлука.
Во Иран досега од коронавирусот починаа 124 лица, додека заразени се 4.747 лица, а 913 лица се излекувани.
Иранскиот министер за здравство, Саид Намаки, побара од граѓаните да не заминуваат на одмор во време кога училиштата се затворени, до 20 март, што беше преземено како дополнителна здравствена мерка.
Бројот на смртни случаи во светот изнесува 3.500, со околу 100.000 потврдени случаи со вирусот.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се рашири во кинескиот град Вухан, а случаи со коронавирус потврдени се во над 80 земји во светот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи многу висок степен на глобална опасност, а вирусот официјално е наречен Ковид-19.