Emre Aytekin
07 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
АНКАРА
Откако во кинескиот град Вухан се појави новиот тип на коронавирус, Ковид-19, настана епидемија од која на светско ниво се заразија преку 100.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ направи проценка за новите случаи на заразени од Ковид-19, информирајќи дека во светот овој вирус е регистриран кај 102.042 лица.
На оваа интернет-страница се наведуваат податоците дека од последици од вирусот Ковид-19 починале 3.497 лица, а 57.629 се излекувани.
На континенталниот дел на Кина од Ковид-19 досега починаа 3.070 лица, 2 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг, 197 во Италија, 124 во Иран, 44 во Јужна Кореја, 17 во САД, 12 во Јапонија, 9 во Франција, 8 во Шпанија, 4 во Ирак, по 2 во Австралија и Велика Британија и по едно лице во Холандија, Швајцарија, Сан Марино, Тајланд, Тајван и Филипини.
Во континенталниот дел на Кина регистирани се 80.651 случај на вирусот Ковид-19, 108 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг и 10 случаи во Специјалниот Административен Регион Макао. На Тајван Ковид-19 е откриен кај 45 лица.
Според податоците на „Worldometer“, бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 во другите земји од светот изгледа вака:
Јужна Кореја 6.767, Иран 4.747, Италија 4.636, Јапонија 1.116, Германија 670, Франција 653, Шпанија 402, САД 335, Швајцарија 216, Велика Британија 164, Шведска 137, Сингапур 130, Холандија и Норвешка по 128, Белгија 109, Малезија, 83, Австрија 66, Австралија 64, Бахреин 60, Кувајт 58, Канада 54, Тајланд 48, Ирак 46, Грција, Исланд и ОАЕ по 45, Индија 31, Сан Марино 23, Данска 23, Либан 22, Израел 21, Чешка 19, Ирска 18, Алжир 17, Виетнам 17, Оман и Палестина по 16, Египет и Финска по 15, Бразил и Еквадор по 14, Португалија и Русија по 13, Хрватска и Катар по 11, Естонија 10, Азербејџан и Грузија по 9, Романија, Аргентина и Словенија по 8, Белорусија, Пакистан и Мексико по 6, Филипини, Саудиска Арабија, Нов Зеланд, Чиле и Полска по 5, Индонезија, Сенегал и Унгарија по 4, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Луксембург по 3, Доминиканска Република, Мароко и Камерун по 2, и по 1 заразен од Ковид-19 во Авганистан, Андора, Ерменија, Камбоџа, Јордан, Летонија, Литванија, Монако, Непал, Нигерија, Шри Ланка, Тунис, Украина, Бутан, Костарика, Гибралтар, Ватикан, Лихтенштајн, Перу, Србија, Словачка, Јужна Африка и Того.