Mustafa Melih Ahıshalı
29 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Со уште 123 починати лица во последните 24 часа во Иран од новиот вид коронавирус (Ковид-19), вкупниот број починати се зголеми на 2.640, додека бројот на заболени се искачи на 38.309, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, преку иранската државна телевизија соопшти дека во изминатите 24 часа од вирусот Ковид-19 починале 123 лица.
Со тоа вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 2.640, додека бројот на заразени се зголеми за 2.901 и ја достигна бројката од 38.309.
Џаханпур исто така соопшти дека 12.391 лице се излекувани од Ковид-19 и дека се пуштени од болница.
Соопштено е дека Ковид-19 во Иран за првпат е откриен на 19 февруари во градот Ком.